Од понеделник без ветеринарна инспекција на границите меѓу земјите од „Отворен Балкан“

ГП Табановце / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Министерот за земјоделство на Србија, Бранислав Недимовиќ за РТС изјави дека од понеделник започнува „Отворениот Балкан“ меѓу Србија, Северна Македонија и Албанија, усогласени се сите лабораториски анализи, така што на границите нема фитосанитарна и ветеринарна инспекција и ништо нема да биде на штета на квалитетот на стоката, објави „Нова“.

Откако пратениците го поддржаа Договорот за соработка во ветеринарната, фитосанитарната област, како и областа за безбедност на храната, се поставува прашањето дали се исполнети сите услови за договорите од Тирана во рамки на иницијативата „Отворен Балкан“, да почнат да се применуваат од 3 јануари.

Министерот Недимовиќ гостувајќи во дневникот на РТС рече дека приказната за иницијативата „Отворен Балкан“ е договор за иднината и дека таа ги урива бариерите меѓу Србија, Северна Македонија и Албанија.

– Од понеделник почнува „Отворен Балкан“, што практично значи дека ако храната тргнува од Северна Македонија, не мора да се контролира во Македонија, па во Србија. Ги усогласивме лабораториските анализи, за да нема фитосанитарни и ветеринарни инспекции на граничните стоки“, вели Недимовиќ.

Според него, комплетната размена меѓу Србија, Северна Македонија и Албанија во секторот храна изнесувала 420 милиони евра со границите.

– Замислете колку простор се отвора во оваа област, нема повеќе чекање на границите. Добиваме уште еден простор, 50 отсто повеќе население каде што можете да ја пласирате својата стока, посочи Недимовиќ.

Тој додаде дека Србија во 2021 година има 5 милијарди долари извоз на стоки, а претпоставува дека ќе достигне милијарда евра во новиот простор во рамки на „Отворениот Балкан“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот