Од плажа во болница – Дали Градиште ќе биде новото жариште на Ковид-19? (ВИДЕО)
Вчера на социјалните мрежи се појавија видеа од журки на Градиште во Охрид.
Продолжениот викенд ги натера граѓаните да се упатат кон излетничките места. Со оглед на фактот дека е ограничена понудата за летување надвор од границите, годинава голем број граѓани ќе останат во земјава.
Сепак изгледа дека и покрај тоа што имаме троцифрен број на новозаболени, тоа не ги спречува граѓаните , особено младите да се журкаат на плажи во Охрид, каде според тоа што може да се види од видеата не се почитуваат здравствените протоколи и мерки.
Погледнете како изгледа атмосферата на познатата охридска плажа Градиште:
Претходно и министерот за здравство апелираше да се внимава при одење на плажа, а нејасно е зошто не се санкционирани лицата кои не се придржувале до мерките.
Останува да видиме наредните недели дали ова ќе влијае на пораст на новозаболени во државата.
Полн автобус од Охрид за Скопје: Сите патници се вознемирени и сакаме да се преземат мерки!
Охрид наутро исчистен од отпад, навечер ѓубре се фрла насекаде
ОБНОВЕНО, 03 август 11.40: „Трескањето од земја“ на журките во Градиште заврши со кривични пријави!
„Трескањето од земја“ на журките во Градиште заврши со кривични пријави