Заглавен автомобил кај Пчиња / Фото : ТППЕ Старо Нагоричане

Од обилните дождови се излеа Пчиња, извлечен заглавен автомобил

РЦУК Куманово информира дека реката Пчиња се излеала од своето корито за околу 20 сантиметри на подрачјето кај селото Пелинце, во близина на Меморијалниот центар АСНОМ, како и на локацијата кај бања Стрновац. Противпожарната екипа интервенирала и од реката извлекла заглавен автомобил. Во моментов нема поплавени куќи или викендици.

Дополнително, кај Коински мост е забележано насобирање на поголема количина дрвја, што го отежнува протокот на реката Пчиња. За состојбата е навремено известено Водостопанство Куманово, кое ќе постапи согласно своите надлежности.

Излевање на Пчиња / Фото: РЦУК Куманово

– На 19 ноември 2025 година во 07:35 часот, по повик од 112 за заглавени две лица кај бањата во село Стрновац, Општина Старо Нагоричане, ТППЕ Старо Нагоричане интервенираше со едно возило и двајца пожарникари – се вели во соопштението.

Од општината апелираат граѓаните да избегнуваат движење и активности покрај течението на реката Пчиња, а доколку се забележи лице во опасност, да се повикаат телефонските броеви: 031/495-666, 112 или 193.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот