Од млад тетовски уметник со срце: Мурал посветен на докторите и на нивната борба против ковид-19

Фото: mia.mk

Младиот уметник од Тетово, Рејан Етеми изработи мурал на влезот во градот во чест на лекарите и медицинските работници. Сликата е во боја и нацртана е на ѕидовите од подвозникот на самиот влез на Тетово од западната страна кон Скопје.

– Мотивот за овој мурал беше пандемијата со коронавирусот и борбата на докторите. Ова е мој начин да изразам почит и поддршка на медицинските лица кои се херои на ова време. Ми беа потребни два дена за изработка на овој мурал, вели Рејан Етеми.

Тетовскиот уметник има дипломирано уметност на Универзитетот во Приштина, каде ги минал и постдипломските студии.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот