Од Кремљ велат дека нема одложување на истрагата за смртта на Пригожин

Авионска несреќа во која загина Пригожин / Фото EPA-EFE/RUSSIAN INVESTIGATIVE COMMITEE

Кремљ денеска соопшти дека е задоволен од темпото на истрагата за авионската несреќа во која загина сопственикот на приватната воена компанија „Вагнер“ Евгениј Пригожин, иако по повеќе од три недели од инцидентот, причините се уште се нејасни.

Пригожин загина заедно со неговите главни помошници во падот на неговиот приватен авион.

-Дефинитивно не мислиме дека истрагата е премногу бавна, изјави денеска портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков за време на неговата дневна прес-конференција.

Оваа истрага, рече тој, не е едноставна.

-Ова не е едноставен инцидент и затоа да се коментира би било сосема прерано, рече портпаролот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот