Од Џибони до Дубиоза: Миле Кекин и пријателите објавија спот за песната „Ово че прочи“ (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин

Инспириран од актуелната ситуација поради коронавирусот, но и од неодамнешниот силен земјотрес во Загреб, фронтменот на групата „Хладно пиво“, Миле Кекин, напиша нова песна со наслов „Ово че прочи“.

Во спотот кој излезе се појавуваат голем број на музичари од регионот, кои заедно пренесуваат силна порака, а меѓу кои има и членови на „Дубиоза Колектив“, Реми од „Елементал“, Амира Медуњанин, „Лету штуке“, Едо Мајка, Џибони, Шемсо од „Бркови“ и други.

„Како што секој кошмар поминува, така ќе помине и ова“, пејат музичарите предводени од Миле Кекин.

Песната ја завршува Рамбо Амадеус кој порачува: „Со мајката природа мора да останеме во хармонија, секој мора темелно да учи, бидејќи ако продолжиме по старо, таа повторно ќе не казни“.

Погледнете го спотот за песната „Ово че прочи“:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот