Од Бакингемската палата најавена нова свадба, најомилената внука на кралицата се мажи

Конечно е одреден датумот за свадба. Принцезата Беатрис од Јорк ќе се мажи за италијанскиот милијардер, бизнисменот Едоардо Мапели Моци. Преговорите за свадбените детали веќе започнале.

Бакингемската палата ја потврдува свадбата на најстарата ќерка на принцот Андреа и Сара Фергусон, која е закажана за 29 мај. Приемот треба да се одржи во Бакингамската палата, со најголема чест за братучедот на Хари и Вилијам „засенет“ од скандалот на неговиот татко, вмешан во случајот со Епштајн, американски финансиер кој почина во затвор во Њујорк и обвинет за сексуално вознемирување врз малолетни лица.

Беатрис од Јорк и Едоардо Мапели Моци, официјално се верија во септември 2019 година.

Сè уште не е потврдено каде парот ќе рече „да“. Изгледа дека на тој датум, 29 мај, нема место во капелата Сетн Џорџ (St George’s Chapel) кадешто се венчаа Хари и Меган и сестра ѝ Евгенија со Џек Брусбенк. Деталите, сепак, ќе следат.

Дали ќе присуствуваат сите блиски на свадбата? Дали повторно ќе се собере целото кралско семејство, вклучувајќи ги и Хари и Меган?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот