Од 13 ноември започнува продажбата на билети за натпреварот Македонија – Англија

Национална арена „Тодор Проески“, Скопје/фото: ffm.mk

Во понеделник, 13 ноември, ќе започне продажбата на билети за фудбалскиот натпревар меѓу Македонија и Англија на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје од квалификациите за ЕП 2024.

Цената на влезница за натпреварот изнесува од 400 и 600 денари. Продажбата на билети за натпреварот Македонија – Англија ќе се организира исклучиво преку продажната мрежа на MKTickets со физичко присуство на купувачите.

Задолжителна е влезница за натпреварот и за деца, без оглед на нивната возраст. Билетарата на Националната арена „Тодор Проески“ ќе биде отворена на 18, 19 и 20 ноември од 10.00 до 18.00 часот.

МАКЕДОНИЈА – АНГЛИЈА (Национална арена „Тодор Проески“, 20 ноември, 20.45 часот)

Северна трибина

Блок 13 и 19 (400 денари)

Блок 14, 18, 20 и 24 (600 денари)

Јужна трибина

Блок 1 и 6 (400 денари)

Блок 2, 3, 4 и 5 (600 денари)

Западна трибина

Блок 25, 26, 27, 28, 29 и 30 (400 денари)

Продажни места:

Скопје:

• ЛитератураМК – City Mall

• ЛитератураМК – East Gate

• ЛитератураМК – Веро Центар

• Литература – ТЦ Буњаковец

• Литература МК – ул. Македонија

• Југотон ГТЦ 1

• ЈК Травел – ТЦ Бисер

• Макпетрол – Козле

• Макпетрол – Илинденска

• Макпетрол – Влае

Велес:

• Унисон

Прилеп:

• ТА Бран

Куманово:

• Тобако Агора

Тетово:

• Тобако Монако

• Гранд Тобако

Гостивар:

• Тобако Вона 5

Охрид:

• ТА Вис Пој

Битола:

• Литерара МК

• Tobacco Brothers

Струмица:

• Литература МК

• ТА Сафари

Радовиш:

• ТА Халкидики

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот