Од 125 килограми до витка линија: Мелиса Меккарти ја откри тајната како успеала да ослабне
Американската актерка и комичарка Мелиса Меккарти (55) на доделувањето на Златните глобуси заблеска во долг црна фустан со метални детали, кој ја истакна нејзината витка фигура. Многумина гости забележаа нејзината драматична трансформација, а таа призна дека изгубила околу 45 килограми.
Препорачано
Пред да започне да работи на новата фигура, Мелиса имала 125 килограми. Години наназад била на различни диети, но повеќето килограми брзо се враќале. Сега таа потенцира дека клучот бил престанување со опсесивно мислење за тежината.
„Конечно си реков: ‘О, боже, престани да се грижиш за тоа’, и тоа можеби е најдобрата работа што сум ја направила“, изјавила таа за „CBS Mornings“, додавајќи:
„Навистина престанав да се грижам за мојата тежина. Престанав да преанализирам, преумувам, правам премногу нешта. Едноставно престанав постојано да се оптоварувам со тоа. И мислам дека има нешто во тоа да се опуштиш и да не си толку нервозен и строг околу тоа, и, бизарно, тоа функционираше.“
Претходно, таа држела четиримесечна диета под медицински надзор, но за магазинот „People“ во 2023 година рече дека повеќе никогаш не би го направила тоа, бидејќи се чувствувала половично гладна и „половично луда“.
Мелиса е најпозната по улогите во серијата „Gilmore Girls“ и филмот „Bridesmaids“, а порано отворено зборуваше за долгогодишната борба со килограмите, нагласувајќи дека носела секоја големина на облека, од S до XXXL.
„Во еден период од моите дваесетти години бев во одлична форма, но тоа не го ценев. Носев S и M, а потоа мислев дека треба да сум XS или XXS. Сега се чувствувам како да имам две прекрасни деца и најдобар сопруг на светот, а сè останато бара работа на себе“, коментираше таа.
Во 30-ите години, таа ја прифати себе и својата тежина, а во тоа многу ѝ помогнал нејзиниот сопруг, актерот Бен Фалкон (52), со кого минатата година прослави 20 години брак.
„Тој е секогаш полн со љубов, љубезен и добар. И забавен, и да бидам искрена, најчудниот човек што го познавам“, изјави Мелиса.


