Поранешниот министер за економија Крешник Бектеши се спроведува на распит во Кочани поради пожарот во дискотеката „Пулс“ / 17 март 2025 г.

Обвинителството предлага Крешник Бектеши и Размена Чекиќ Дуровиќ да се префрлат во куќен притвор

Јавното обвинителство соопшти дека предложило поранешниот министер за економија Крешник Бектеши и поранешниот државен секретар во Министерството за економија, Размена Чекиќ Дуровиќ, кои се во притвор како осомничени за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, да бидат префрлени во куќен притвор.

„Согласно фазата во која се наоѓа постапката и доказите кои веќе се обезбедени, обвинителството до Основниот суд во Кочани достави предлог за замена на претходно определената мерка притвор со мерка куќен притвор за двајца осомничени – поранешен министер и поранешен државен секретар во Министерството за економија, додека за 18 лица предложено е продолжување на претходно определени мерки притвор и куќен притвор. По предлoзите на обвинителството ќе одлучува Судот“, велат од ЈО.

„Обвинителскиот тим кој постапува во предметот на Основното јавно обвинителство Кочани во врска со пожарот во дискотеката „Пулс“ ги привршува дејствијата на распити на сведоци-очевидци на настанот. Распитите на осомничените и на други лица се реализираат без отстапувања и согласно утврдената динамика. Интензивно се работи на повеќе вештачења и се вкрстуваат податоците од анализите на обезбедените електронски уреди“, додаваат од Обвинителството.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот