Фото: МИА / Фејсбук / скриншот

Обвинителството предлага Артан Груби, кој бегаше цела година, да оди само во куќен притвор

Артан Груби, поранешниот прв вицепремиер и министер за односи меѓу заедниците, вечерва, по речиси шест часа испрашување во Обвинителството, е спроведен во Основниот кривичен суд. Груби нешто пред 19 часот беше изнесен од зградата на Обвинителството со лисици на рацете и качен во комбе на затворската полиција, пренесоа медиумите.

Во меѓувреме, Обвинителството соопшти дека барало мерката притвор за поранешниот вицепремиер, определена уште кога пред повеќе од една година избега од Македонија, да му биде заменета со куќен притвор. Од ОЈО ваквиот предлог, кој бездруго ќе ги подгрее и онака распространетите шпекулации дека враќањето на Груби во земјава е резултат на некаков политички договор со актуелната власт, ја правдаат со наводната небезбедност на Груби во затворот „Шутка“, каде би требало да биде притворен.

„Основното јавно обвинителство Скопје предложи замена на мерката притвор со мерка куќен притвор и одземање на патна исправа, имајќи го во предвид фактот во најголем дел се обезбедени доказите во текот на постапката, дека истиот доброволно се пријавил на органите на прогонот, како и дека постојат индиции дека во притворското одделение не може да се гарантира неговата лична безбедност, кои индиции се поткрепени со известувања од надлежните органи. Исто така индициите за загрозената безбедност се однесуваат и на членовите на неговото семејство“, велат од ОЈО во соопштението.

Груби, според ова, вечерва сигурно ќе оди дома, со оглед на тоа дека судот не може да определи мерка која е построга од предлогот на Обвинителството.

Артан Груби веќе е во Шутка – објавено видео на кое е со насмевка

Груби избега од земјава во декември 2024, а рано утрово во добро расположение се врати преку граничниот премин „Блаце“ и ѝ се предаде на полицијата. Тој, заедно со уште седуммина поранешни функционери и членови на ДУИ, е осомничен за малверзации во Државната лотарија, тешки милиони евра.

Груби од Обвинителството доцна попладнево беше спроведен преку гаражите на објектите во околината на ОЈО, но и таму го чекаа новинарите. На нивните прашања тој не одговори ништо и се качи во комбето на затворската полиција, кое го одведе во Судот.

ВИДЕО | Агелер за контактите со Груби додека тој беше на власт: Многу сум свесна кога луѓето ме лажат в лице

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот