Обвинителството нареди да се испитаат причините за смртта на бебето во Битола

ЈЗУ Клиничка Болница „Др. Трифун Пановски“- Битола
ЈЗУ Клиничка Болница „Др. Трифун Пановски“- Битола /Фото: Фејсбук

Јавното обвинителство Битола издало повеќе наредби за да се испитаат причините за смртта на бебето кое во саботата почина по само еден ден од раѓањето. Направена е анатомска обдукција без наредба на јавен обвинител како стандардна процедура што се прави секогаш кога бебе ќе почине.

Доколку има потреба потоа обвинител ќе нареди судско-медицинско вештачење на причинско последичните причини за смртта.

Обезбедена е документацијата за мајката и бебето а родителите ќе бидат повикани на разговор во полициска станица во текот на утрешниот ден.

Обвинителството ги презема сите дејствија за испитување на причините на смртта.

Бебе почина од мистериозни причини, таткото бара одговори и одговорност од битолската болница

Битолската болница тврди дека родилката чие бебе почина имала неконтролирана бременост, ама гинекологот што ја водел демантира

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот