Пем Бонди се испокарала со конгресмените на сослушувањето за Епстин: „Вие тука го напаѓате Трамп!“
Атмосферата на сослушувањето се вжештила откако обвинителката Пем Бонди одбила барање од конгресменка да се сврти и да им се обрати на жртвите на педофилот Џефри Епстин кои биле присутни на сослушувањето на Комитетот за правосудство во Претставничкиот дом.
Америнанската јавна обвинителка Пем Бонди се соочува со прашања од пратениците во Конгресот во врска со постапувањето на Министерството за правда со досиејата поврзани со Џефри Епстин, кои и покрај обидите за редигирање откриле чувствителни приватни информации за жртвите, објави „Хил“.
Препорачано
Атмосферата на сослушувањето се вжештила откако Бонди одбила барање од конгресменката Прамила Џајапал, демократ од државата Вашингтон, да се сврти и да им се обрати на жртвите на сексуалниот престапник Џефри Епстин кои биле присутни на сослушувањето на Комитетот за правосудство во Претставничкиот дом. Тоа довело до жестока расправија, при што обвинителката ја обвини пратеничката за „театар“.
Џајапал во своите прашања го критикувала Министерството за правда дека ги штити идентитетите на некои соработници на Епстин, додека истовремено повеќепати ги објавува имињата или други податоци со кои може да се идентификуваат жртвите, иако според законот тие требало да бидат заштитени при објавувањето на документите.
„Извини им се за сѐ низ што поминаа“
Џајапал ги повикала 11-те жртви на Епстин што беа во салата да станат доколку сакаат и да кренат рака ако сè уште не успеале да се сретнат со Министерството за правда на администрацијата на Трамп. Сите ги кренале рацете.
Но, кога Џајапал побарала од Бонди „сега да се сврти кон нив и да им се извини за сето она низ што минале поради Министерството за правда“, јавната обвинителка почнала да се повикува на својот претходник Мерик Гарланд, но била прекината од Џајапал.
„Ова не е за оние пред вас. Ова е за тоа вие да преземете одговорност за вашето Министерство за правда и за штетата што им ја нанесе на преживеаните кои стојат веднаш зад вас и чекаат да им се свртите и да им се извините“, рекла Џајапал.
Потоа Бонди одговорила дека нема „да влегува во кал со вакви театарски настапи“.
На крајот од размената, Бонди промрморела: „непрофесионално“.
ГАЛЕРИЈА: Досега непозната и морничава приказна за Џефри Епстин, раскажана од фотограф
„Колкумина од соучесниците на Епстин сте обвиниле?“
Напнатоста продолжила и по оваа сцена, кога Бонди влегла во уште една жестока расправија со конгресменот Џеролд Надлер, демократ од Њујорк, и со водечкиот демократ во Комитетот, Џејми Раскин.
„Колкумина од соучесниците на Епстин сте обвинеле? Колку сторители воопшто истражувате?“, прашал Надлер, откако претходно набројал луѓе, противници на Трамп, против кои Министерството за правда поднело обвиненија или водело истраги.
„Ќе одговорам на прашањето онака како што јас сакам да одговорам. Претседателе (Џим) Џордан, нема да влегувам во кал со овие луѓе“, возврати Бонди.
Кога Раскин побарала од Џордан да го запре времето и да му врати време на Надлер, Бонди повторно му возвратила, велејќи дека експертот по уставно право „дури и не е адвокат“.
Потоа Бонди ги нападнала демократите.
„Вие сите треба да се извинувате. Седите тука и го напаѓате претседателот. Ова трае уште од времето на администрацијата на Обама. Оваа администрација објави над три милиони страници документи, над три милиони, и Доналд Трамп го потпиша законот за објавување на сите тие документи. Тој е најтранспарентниот претседател во историјата на нацијата,“ рекла Бонди.
ВИДЕО | Гислејн Максвел за врските со Епстин се бранеше со молчење на сослушувањето во Конгресот


