Гислејн Максвел сведочеше од затвор/Фото: HANDOUT / AFP / Profimedia

ВИДЕО | Гислејн Максвел за врските со Епстин се бранеше со молчење на сослушувањето во Конгресот

Гислејн Максвел, осудената соучесничка на сексуалниот престапник Џефри Епстин, која отслужува 20-годишна затворска казна, се појави вчера онлајн пред Надзорниот комитет на Претставничкиот дом за да сведочи зад затворени врати за овој високопрофилиран случај, пренесува Би-би-си.

Носејќи очила и кошула, во затворот во Тексас каде што е притворена, 64-годишната Максвел одби да одговори на прашањата на Комисијата, повикувајќи се на своето право да молчи, според Петтиот амандман од Уставот на САД, за да не се инкриминира себеси.

Околу 19 минути, Максвел, која беше осудена за сексуална експлоатација, одговараше само на прашања за нејзиното минато и дали ја разбира правната природа на сведочењето.

Републиканскиот претседател на Комитетот за надзор на Претставничкиот дом, Џејмс Комер, рече дека нејзиниот став е „очигледно многу разочарувачки“.

„Имавме многу прашања за злосторствата што таа и Епстин ги извршија, како и прашања за можни соучесници“, рече Комер.

Според демократската претставничка Мелани Стенсбери, Максвел ја искористила можноста да „побара помилување“.

Првично, во замена за нејзиното сведочење, нејзините адвокати побараа да ѝ се одобри кривичен имунитет, но Комисијата одби да го одобри ова барање.

Всушност, нејзините адвокати ја предупредија Комер во писмо дека нивната клиентка „ќе одговара на прашања доколку добие помилување“ од претседателот Доналд Трамп.

По сослушувањето, Комер рече дека од разговорите со жртвите на Епстин било јасно „дека Максвел била многу лош човек“, кој не заслужува никаков имунитет.

ГАЛЕРИЈА: Досега непозната и морничава приказна за Џефри Епстин, раскажана од фотограф

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот