Обвинение за нападот врз новинарска екипа во Ѓурѓевиште

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар, по спроведена претходна постапка, поднесе Обвинителен предлог против 50-годишен жител на селото Ѓурѓевиште, општина Врапчиште, кој се товари дека сторил кривично дело загрозување со опасно орудие при тепачка или караница.

„На 16 февруари, обвинетиот ги забележал двајцата оштетени – новинар и снимател во тетовска телевизија кои снимале прилог за училиштето во селото. Тој најпрвин започнал караница со нив, упатувајќи им пцовки и погрдни зборови, а потоа зел секира со која започнал кон нив да замавнува. Оштетените веднаш се оддалечиле од местото и настанот го пријавиле во полициска станица“ велат од ОЈО.​​

Tри големи пожари попладнево во струмичко

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот