Обвинение за мајката од Хрватска која ја фрли тригодишната ќерка во Сава, а телото беше пронајдено во Белград
Окружниот суд во Загреб денеска го потврди обвинението против 34-годишна жена која ја уби својата ќерка во јануари оваа година. Таа го фрли телото на девојчето во Сава, а тоа беше пронајдено месеци подоцна во близина на Белград. Мајката сега е правно обвинета за тешкото убиство на нејзината тригодишна ќерка, пишува Индекс.
Препорачано
Исчезнатото дете беше барано во неколку наврати по целиот тек на реката Сава во Загреб и Загрепската жупанија. Спасувачките екипи, вклучувајќи ја полицијата, противпожарната служба го пребаруваа текот на реката користејќи чамци, беспилотни летала и подводни скенери.
Денот по исчезнувањето, загрепската полиција извести дека 34-годишна мајка ги информирала дека таа и нејзиното дете влегле во Сава во близина на мостот Јанкомир.
Хрватскиот институт за социјална работа потврди по тој трагичен настан дека семејството на 34-годишната жена не било третирано од надлежната регионална канцеларија, ниту пак биле преземени мерки за правна заштита на семејството.
Детето, како што неофицијално се дознава, имало сериозни здравствени проблеми, а мајката тврдела дека вратите на надлежните институции биле затворени за неа.


