Обожавателите на Џони Деп ја нападнаа ќерка му на „Инстаграм“

Обожавателите на Џони Деп ја нападнаат ќерка му, Фото: EPA, Instagram

Обожавателите на Џони Деп на социјалните мрежи ја линчуваат ќерка му Лили Роуз Деп, бидејќи се нема јавно огласено за неговото судење за клевета против поранешната сопруга Амбер Херд. Онлајн насилниците беа јавно критикувани од други корисници на социјалните мрежи поради малтретирање на Лили Роуз.

На 11 април започна јавното судење за клевета помеѓу актерот Џони Деп и поранешната сопруга Амбер Херд поради авторскиот напис во „Вашингтон пост“ од 2018 година во кој актерката сугерираше дека Деп бил насилен за време на нивната врска. Амбер потоа се спротивстави и го обвини Џони дека поднел тужба за да продолжи со својата кампања на „злоупотреба и вознемирување“. Тој побара отштета од 50 милиони долари, додека Амбер побара 100 милиони долари и имунитет против тврдењата на Деп. Судењето сè уште е во тек, а пресудата не е донесена.

Завршните зборови на Џони Деп: Бев жртва на семејно насилство

Обожавателите на Џони го бранат и надвор од судот и на социјалните мрежи, особено на „ТикТок“, но сега го насочија своето внимание кон неговата 22-годишна ќерка Лили-Роуз и ја прогонуваат на социјалните мрежи затоа што јавно не го поддржува својот татко.

Девојката нема споделено објава на „Инстаграм“ од 9 април, дури и пред почетокот на судењето, коментарите се полни со луѓе кои ја малтретираат. Твит со слики од делот за коментари на објавата на Лили стана вирален.

На нејзината објава од 9 април, корисник праша: „Зошто не му помагаш на татко ти? Друг корисник ја критикуваше Лили-Роуз дека била гласна со нејзината поддршка за движењето Black Lives Matter, но не го објавила нејзиниот татко.

„Единствена причина зошто е позната е поради нејзиниот татко и таа не објавува апсолутно ништо за него и како Амбер Херд ја уништува неговата кариера, но таа има BLM на нејзиниот глупав профил“.

„Ги објавуваш своите гради повеќе од твојот татко, каква несреќа“, гласеше една порака. Некој друг напишал: „Те молам поддржи го татко ти. Без разлика на ВАШИОТ однос со него, знаеш дека Амбер НЕ Е ЖРТВА. Поддржи го те молам, зборувај !!!!“

„Не гледам ниту една слика од тебе со татко ти. ЗОШТО??” бараше еден следбеник. Друг напиша: „Како можеш да не зборуваш за случајот на татко ти!“

Лили-Роуз е приватна личност и очигледно нема никаква обврска да зборува за нејзиниот татко или да споделува нешто што не сака на социјалните мрежи. Луѓето побрзаа да ја бранат од злоупотребата на интернет.

„Сите ја малтретирате поради маж што никогаш не сте го запознале. Парасоцијалните односи се болест. Не размислувате дека можеби сето ова е тешко за неа, мислите дека имте право на нејзиното време и енергија. Болно е“.

„Дали мислат дека би бил среќен што ја малтретираат неговата ќерка или што?“ праша друг.

Додека Лили-Роуз не се осврна на тековниот случај за клевета, таа претходно го бранеше својот татко по наводите за злоупотреба од Амбер.

Во сега избришаната објава на Инстаграм од 2016 година, Лили-Роуз сподели фотографија на која е со нејзиниот татко кога била дете и напиша: „Татко ми е најслатката, најљубовната личност што ја познавам, тој не бил ништо друго освен прекрасен татко. истото би го кажале јас и мојот помал брат и сите што го познаваат“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот