Објавени номинациите за телевизиските награди БАФТА: „Круна“ предводи со 8 номинации

Фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавени се номинациите за престижните британски телевизиски награди БАФТА, а главни фаворити се сериите „Круна“, „Среќна долина“ и „Црно огледало“.

Последната сезона на „Круна“ во продукција на Нетфликс, во која беше детално опишана трагичната смрт на принцезата Дијана, доби дури осум номинации. По неа следат „Црно огледало“ со седум номинации и „Среќна долина“ со шест.

Добитниците на овогодинашните телевизиски награди БАФТА ќе бидат објавени на церемонијата што ќе ја организираат Ромеш Ранганатан и Роб Бекет на 12 мај.

Во продолжение погледнете дел од номинациите:

Награда за главна машка улога

Брајан Кокс – „Наследство“
Доминик Вест – „Круна“
Кејн Робинсон – „Топ момче“
Паапа Есиеду – „Проектот Лазар“
Стив Куган – „Пресметка“ – BBC One
Тимоти Спал – „Шестата заповед“

Награда за главна женска улога

Ањана Васан – „Црно огледало“
Ен Рид – „Шестата заповед“
Бела Ремзи – „Последниот од нас“
Хелена Бонам Картер – „Ноли“
Сара Ланкашир – „Среќна долина“
Шерон Хорган – „Најдобри интереси“

Споредна машка улога

Амит Шах – „Среќна долина“
Еана Хардвик – „Шестата заповед“
Харис Дикинсон – „Убиство на крајот на светот“
Џек Лоуден – „Бавни коњи“
Метју Макфадиен – „Наследство“
Салим До – „Круна“

Споредна женска улога

Елизабет Дебицки – „Круна“
Хариет Волтер – „Наследство“
Јасмин Џобсон – Топ момче“
Лесли Менвил – „Круна“
Нико Паркер – „Последниот од нас“
Шиван Финеран – „Среќна долина“

Драмска серија

„Златото“ – Би-би-си уан
„Среќна долина“ – Би-би-си уан
„Бавни коњи“ – Епл Тв
„Топ момче“ – Нетфликс

Лимитирана драмска серија

„Најдобри интереси“ – Би-би-си уан
„Демон 79 (Црно огледало)“ – Нетфликс
„Долгата сенка“ – ИТВ1
„Шестата заповед“ – Би-би-си уан

Комедија

„Големите момци“ – Канал 4
„Сонување додека е црно“ – Би-би-си три
„Извонредно“ – Дизни+
„Такви храбри девојки“ – Би-би-си три

Целосната листа на номинации може да ја погледнете ТУКА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот