Објавени најпрометните авиолинии во светот, азиските доминираат на листата
Благодарение на анализата на податоците на водечкиот светски провајдер на информации за глобалниот воздушен сообраќај, ОАГ, објавена е листа на најпрометните воздушни линии во светот во 2024 година. Станува збор за линии кои се напрометни според вкупниот број на пополнети седишта.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Првото место го зазеде рутата помеѓу Хонг Конг и Тајпеј, која забележа огромен пораст на капацитетот за 48 проценти, достигнувајќи 6,8 милиони седишта оваа година, скокајќи од третото место во 2023 година.
На второ место е линијата меѓу Каиро и саудискиот град Џеда, која порасна за 62 отсто во споредба со 2019 година, додека релацијата меѓу Сеул и Токио е на третото место, со само 1,1 отсто заостанување. Линиите во Азија целосно доминираат на оваа листа, заземајќи седум од првите десет места.
Ова се 10-те најфреквентни воздушни линии во светот:
Хонг Конг – Тајпеј
Каиро – Џеда
Сеул Инчеон – Токио Нарита
Куала Лумпур – Сингапур
Сеул Инчеон – Осака
Дубаи – Ријад
Бангкок – Хонг Конг
Џакарта – Сингапур
Бангкок – Сингапур
Њујорк ЏФК – Хитроу


