Протест против УСЈЕ / Фото: Слободен печат - Драган Митрески

Објавена осумчасовната програма за „Блокадафест“ пред „Усје“

Иницијативата „Стоп за Усје“ ја објави целосната програма за утрешниот „Блокадафест“, кој од 15 до 23 часот ќе се одвива пред влезот на Цементарницата во Скопје.

„Со нас застанаа уметници кои својот протест го изразуваат со она што најдобро го знаат – музиката. Волонтерски ќе настапат: диџеј Александар Јорданов, дизеј Чваре, диџеј Ендрју Мелер, ‘Новиот Почеток’, ‘Хајка’, ‘Луфтханза’, ‘Животни’, ‘Големата вода’, диџеј Базел, диџеј Емили Нас, Дина Јашари, ‘Член 164, Зарина Првасевда и ‘Корка’“, стои во најавата.

Според „Стоп за Усје“, нивната поддршка е порака дека ова не е изолиран протест, туку, како што велат „заедничка борба за уставно загарантираното право на чист воздух“.

„’Блокадафест’ е јасен повик до институциите и до ‘Титан Усје4: здравјето на граѓаните не е преговарачка категорија. Додека фабриката продолжува да загадува, ние излегуваме заедно да го блокираме загадувањето и да покажеме дека отпорот може да биде гласен, солидарен и креативен“, се вели во најавата на настанот.

„Стоп за Усје“ во петок организира осумчасовна блокада на Цементарница

Иницијативата на неколку пати досега ги истакнуваше своите барања, за кои рече дека институциите остануваат глуви.  Меѓу другото, еко-активистите бараат да се стави во функција мерната станица во Кисела Вода, „Усје“ да инсталира автоматски CEMS систем за континуирано мерење на своите оџаци, како и Цементарницата во производниот процес да премине кон почисти енергенси, како природен гас или водород.

Исто така, бараат да се ревидираат постојните мерки за прогласување вонредна еко-состојба, важечките гранични вредносни за опасните честички и супстанции да усогласат со препораките на Светската здравствена организација, но и да се акредитира државната лаботаторија за мерење на загадувањето.

Лабораторијата за животна средина доби нов инструмент за анализа, ама уште нема акредитиран метод за аерозагадување

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот