Обама на КОП26: Не направивме доволно, да се обединиме за да одиме напред

Profimedia
Фото: Профимедиа

Поранешниот американски претседател, Барак Обама, кој е роден на Хаваи, на КОП26 во Глазгов зборуваше на панел посветен на отпорноста на островите, објави Би-Би-Си.

Тој го започнува својот говор велејќи дека е „островско дете“ и рече дека е горд на работата што ја направил како претседател за островските држави „кои се најранливи на променливата клима“.

Обама рече дека не смета дека би имало толку амбициозен договор во Париз во 2015 година доколку не беа слушнати островските држави.

„Како беше точно пред пет години, ние не направивме доволно и нашите острови се позагрозени од кога било“, рече тој, додавајќи дека е горд што американската влада и претседателот Џо Бајден посветуваат „внимание на прашањето што го заслужува“, со тоа што ќе се обврзе да обезбеди 3 милијарди долари за поддршка на најранливите на климатските промени.

Обраќањето го заврши со една хавајска поговорка која гласи: „Обединете се за да одите напред”.

„Тоа е духот што ни треба за да ги заштитиме нашите островски ресурси, тоа е духот што ни треба за да ги заштитиме нашите народи“, рече тој.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот