НВО до владата на Македонија: Не донесувајте никакви одлуки без транспарентност и учество!

Писмото испратено од 22 граѓански организации има препораки за забрзување на нашиот пат кон зелената економија. Во барањата, организациите ги исклучуваат оние одлуки што се итни и се однесуваат на здравјето и безбедноста на луѓето.

Суштинската, доследна и континуирана примена на транспарентност и добро управување е најважна во овие тешки времиња, за да не се повредат човековите права, кревкото владеење на правото и демократското донесување одлуки присутни во нашето општество, е порака испратена до Владата на Македонија денес од страна на WWF и партнерските организации. Граѓанските организации разбираат дека нашата влада работи во екстремни услови. Сепак, тие ја повикуваат владата да го одложи секое донесување одлуки што не е моментално релевантно за здравјето и безбедноста на луѓето, за кое не може да се обезбеди значајна транспарентност и учество.

Во писмото упатено до Претседателот на Република Македонија, Премиерот на Република Македонија и Претседателот на Собранието, WWF, Еко-свест, ИДСЦС, Фондација Отворено Општество, Македонска платформа против сиромаштија и други организации даваат неколку препораки кои би можеле да ја забрзаат промената кон економија која е климатски неутрална и која го штити и обновува нашиот природен свет, здравје и благосостојба. Организациите ја повикуваат владата да:

  • Да се ​​поддржи и зајакне имплементацијата и финансирањето на постојните еколошки стандарди и политики за решавање на климатската криза, загуба на биолошката разновидност и загадување на животната средина.Буџетот за ваквите проекти не смее да се крати и пренаменува.
  • Да се направисериозна инвестиција во подигнување на свеста и едукација за човековите права, одржливиот развој и заштитата на природата, зајакнувајќи го нашето општество да се соочи со идните предизвици.
  • Да се направираспределба на стимулативни фондови условени од примена на мерки од Европскиот зелен договор и Парискиот договор, со цел да се придвижи трансформацијата на нашата економија кон одржлива.
  • Да се покренатсериозни одржливи иницијативи во согласност со јавниот интерес.
  • Да се дадеподдршка на (локалните) граѓански организации.

Во продолжение е писмото испратено до претседателот на Република С. Македонија, претседателот на Владата на Република С. Македонија, претседателот на Собранието на Република С. Македонија.

Почитувани,
Пандемијата САРС-КоВ-2 е криза со досега невидени размери и сè уште неизвесни последици. Ја препознаваме состојба со која се соочува Владата во која, од една страна, мора да развие и обезбеди мерки за да ја одржи безбедноста и здравјето на луѓето, а од друга страна, да започне со
подготовките за економските и социјални последици, предизвикани од истите
овие мерки.

Длабоко сме потресени од загубата на животите предизвикани од вирусот, и како граѓани, ги цениме и сме благодарни за Вашите вложени напори за справувањето со ширењето на оваа болест.
Како членови на граѓанското општество, сепак, Ве повикуваме да ги почитувате принципите на транспарентност и добро управување како темели на едно демократско општество засновано врз владеење на правото и почитување на човековите права на секоја личност, и покрај неизвесните и тешки времиња.

Нашата земја се основа на принципите на транспарентност и добро управување како кандидат- членка на ЕУ, како и со ратификацијата на разни меѓународни конвенции, како што е Архуската Конвенција.

Транспарентноста значи објавување на информациите и овозможување на пристап до информациите поврзани со политиките и трошењето на средствата. Според тоа, таа претставува клучен елемент за создавање одговорност и градење доверба во донесувачите на одлуки.

Добрите принципи на управување кои се однесуваат на отвореност, учество, одговорност, ефективност и кохерентност служат за градење доверба во процесот на креирање политики, а со тоа водат до подобрување на легитимноста и кредибилитетот на јавните институции. Особено значајни се принципите на навремено информирање и учество, кои служат за да се обезбедат инклузивни и партиципативни процеси на донесување одлуки преку ангажирање на сите заинтересирани и засегнати страни. Покрај зголемувањето на кредибилитетот на процесот, тие овозможуваат поширока сопственост на донесените решенија, обезбедување можност за заедничко развивање и подобрување на првичните идеи. Учеството на јавноста е исто така еден начин да се обезбеди одговорност на институциите за своите постапки.

Суштинската, конзистентна и континуирана примена на принципите на транспарентност и добро владеење е најважна во овие тешки времиња, за да не се уништат човековите права, владеење на правото и демократското донесување одлуки во нашето општество. Свесни сме дека тековните екстремни услови за работа, вклучително и ограниченото движење и отсуство на собири, не одат во прилог на соодветното обезбедување на партиципативно одлучување на јавноста и транспарентност. Затоа, ние ја повикуваме Владата да го одложи донесувањето на сите одлуки кои не се релевантни за здравјето и безбедноста на луѓето, доколку за нив не може да се обезбеди суштинска транспарентност и учество на јавноста.

Во меѓувреме, ја разбираме потребата релевантните институции да започнат со изготвување мерки за помош и планови за спречување на евентуалниот економски пад по пандемијата. Имајќи го ова на ум, ние даваме неколку препораки кои ќе ни помогнат да се движиме напред кон економија која е климатски неутрална, го штити и обновува нашиот природен свет, како и здравјето и благосостојбата на луѓето и не дозволува загуби:

● Поддршка и зајакнување на спроведувањето и финансирањето на постојните еколошки стандарди и политики за решавање на климатската криза, загуба на биолошката разновидност и загадување на животната средина. Ако не успееме да напредуваме во оваа сфера, само ќе ги направиме сегашните климатска криза и загубата на биолошката разновидност уште потешки и поскапи. Оваа цена ќе ја плати секој член на нашето општество, но ќе остави последици по сиромашните,
обесправените и ранливите групи.

● Зголемување на поддршката за подигнување на свеста и едукација за човековите права, одржлив развој и зачувување на природата, со што ќе се зајакне нашето општество за да се соочи со идните предизвици. Преку долгорочно посветени инвестиции во образованието и подигнување на свеста, вклучително и преку поддршка на граѓански организации, ние градиме праведно, толерантно и информирано општество, кое може паметно да се справи со најгорливите закани за нашата благосостојба, имено климатската криза, загубата на биолошката разновидност и целокупното влошување на капацитетот на нашата планета за одржување на нашиот начин на живот.

● Доделување на стимулативни фондови и ослободувања за отплата, условени со примена на мерките од европскиот Green New Deal и Парискиот договор, со цел да се придвижи трансформацијата на нашата економија кон одржливост. Овие инвестиции треба да дадат долгорочни придобивки за нашето општество и да помогнат нашата економија да стане поотпорна идните кризи. Ова веќе го поддржаа 173 европски министри за клима и животна средина, кои побараа плановите за поддршка на економијата да ја интегрираат зелената транзиција и
дигиталната трансформација. Предлагаме и нашето Министерство за животна средина и просторно планирање да го стори истото.

● Воспоставување на големи одржливи иницијативи во согласност со јавниот интерес. Покрај обезбедување на директно вработување за оние кои се погодени од економскиот пад и помагаат во обновата на економијата, овие иницијативи треба да дадат опипливи и недвосмислени придобивки за животната средина, како обнова на екосистемите, директни намалувања на емисии на стакленички гасови, енергетска ефикасност и декарбонизација.

● Обезбедување поддршка на (локалните) организации на граѓанското општество кои имаат широк опсег во испорака на услуги во заедницата, кои работат директно со најранливите групи. Покрај развивање на нови програми, средствата веќе наменети за поддршка на ГО треба да продолжат да бидат целосно достапни за да организациите можат да ја одржат својата работа. Овие средства ќе бидат од огромно значење за продолжување на развојот на граѓанското општество, како и функционирањето на граѓанските организации кои можат да бидат моќен партнер во ко-креирање решенија за ублажување на ефектите од кризите.

Нашите организации се подготвени да соработуваат со Вас за да обезбедиме дека и покрај овие предизвици, ние продолжуваме по патот на правична и фер транзиција кон вистинско одржливо општество.

Со почит,
1. Ана Чоловиќ Лешоска, WWF
2. Стефан Бужаровски, Еко-свест, Скопје
3. Кристина Бужаровска, Connecting Nature Valies and People Скопје
4. Фани Каранфилова-Пановска, Фондација Отворено општество –
Македонија
5. Марко Трошановски, Институт за демократија Социетас Цивилис Скопје
6. Билјана Дуковска, Македонска Платформа Против Сиромаштија
7. Јане Чаловски, ЈАДРО-Асоцијација на независната културна сцена,
Скопје
8. Лилjана Jоноски, Рурална Коалициjа, Куманово
9. Александар Николовски, Зелената арка, Скопје
10.Александар Николов, Асоцијација за развојни иницијативи – Зенит, Скопје
11.Филип Спировски, Новинари за човекови права
12.Наташа Доковска, Балканска Водна Мрежа
13.Менде Трајковски Еколошко друштво Кајмакчалан
14.Лазар Ѓоргиевски, Еко Преспа 2018
15.Петар Андонов, Движење за околината Молика ДОМ- Битола
16.Николче Николовски, Слоу Фуд и локални мрежи, Македонија
17.Војо Соколовски, Национално здружение на сопственици на приватни
шуми, Берово
18.Емина Рустемоска, ИСИОР Струга
19.Николче Колев, Општински спортски актив, Кочани
20.Фросина Ѓоргиевска, Здружение на овоштари БЛАГОЈ А. КОТЛАРОВСКИ
Ресен
21.Анела Ставревска Панајотова, Организација за информација и заштита
на природа -ИНЦФ, Скопје
22.Цветанка Колева, Здружението на производители на органска храна
„Биовита“-Кавадарци

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот