Кафе / Фото: Pexels

Нутриционистите открија: Еве што се случува во телото кога пиете кафе секој ден и колку шолји се доволни

Ако ѕирнете во утринските рутини на многу луѓе, ќе најдете едно заедничко нешто: топла шолја кафе. Овој популарен утрински пијалак помага да се започне денот со наплив на енергија, утеха и мотивација. Ако сте љубител на кафе, знаете дека тоа е секојдневен ритуал, и тоа не само во работните денови.

Но, каква хранлива вредност нуди кафето и што точно се случува во телото ако го пиете секој ден? Порталот „Рил симпл“ (Real Simple) разговарал со неколку регистрирани нутриционисти за да ги открие одговорите на овие и на други прашања.

Иако кафето може да изгледа како едноставно утринско поттикнување на енергијата, тоа нуди значајни нутритивни придобивки што го надминуваат самиот кофеин.

– Луѓето кои пијат две до три шолји кафе дневно забележуваат подобрувања во здравјето на срцето, помал ризик од мозочен удар и позитивно влијание врз шеќерот во крвта. Постои и широк спектар на докази кои покажуваат дека кафето е поврзано со здравјето на бубрезите. Исто така, знаеме дека полифенолите во кафето ги намалуваат воспаленијата и имаат позитивно влијание врз оние што живеат со автоимуни болести како што се мултиплекс склероза и Паркинсонова болест – вели диететичарката Кендра Хаире.

И спротивно на популарното верување, не постои поврзаност помеѓу консумирањето кафе и зголемените нивоа на крвен притисок – кога се консумира умерено (една до три шолји дневно).

– Кафето содржи голем број соединенија кои придонесуваат за неговите потенцијални здравствени придобивки – особено фенолните киселини, кои дејствуваат како антиоксиданти во телото и можат да го поддржат здравјето на крвните садови и да ја подобрат циркулацијата – вели Амна Хак, нутриционистка и експертка за женско здравје од Чикаго.

Освен овие биоактивни растителни соединенија, во кафето се наоѓаат и препознатливи хранливи материи.

– Кафето обезбедува есенцијални хранливи материи, вклучувајќи калиум, магнезиум и витамини од групата Б – вели нутриционистката Јулијана Вока.

Заедно со полифенолите од кафето, овие хранливи материи нудат импресивни здравствени придобивки, вклучувајќи подобрено здравје на мозокот, срцето, метаболизмот и на бубрезите. Одржувањето на телесната тежина и подобрените спортски перформанси се исто така поврзани со овој стимуланс.

– Кофеинот може да дејствува како супресор на апетитот, што помага во регулирањето на телесната тежина и малку го забрзува метаболизмот – додава Вока, нагласувајќи дека кофеинот ја обезбедува енергијата потребна за интензивни тренинзи.

– Умереноста е клучна. Се препорачува да се консумираат не повеќе од 400 милиграми (мг) кофеин дневно, а прекумерната консумација може да биде поврзана со зголемена анксиозност, нарушување на спиењето, проблеми со варењето, зависност и симптоми на одвикнување – вели Вока.

Со пиењето на последната шолја пред ручек или изборот на безкофеинско кафе по тој период, може да помогне да се избегнат какви било нарушувања на спиењето.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот