Њутон е наследникот на Том Брејди во Њу Ингланд

EPA-EFE/DAN ANDERSON

Поранешниот квитербек на Каролина пантерс и МВП на НФЛ сезоната во 2015 година, Кам Њутон е нов квитербек на Њу Ингланд патриотс.

Њутон потпиша едногодишен договор вреден 7.5 милиони долари со Њу Ингланд патриотс и ќе има тешка задача да го замени легендарниот Том Брејди кој замина во Тампа беј баканирс.
Конкуренти на Кам Њутон за местото на стартен квотербек во Њу Ингланд ќе му бидат Џерет Стидхам и Брајан Хоер.

„ Возбуден сум е не знам што да правам сега. Утре пристигнува „бомба“. Се надевам дека сте подготвените“, напиша Њутон на својот Инстаграм профил.

31-годишниот Њутон девет години настапуваше за Каролина пантерс, а по завршување на сезоната стана слободен играч пропушти дури 14 натпревари од регуларниот дел од сезоната поради повреда.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот