Нуно Еспирито Санто доби отказ во Ал Итихад

Нуно Еспирито Санто/фото: EPA-EFE/Gareth Copley

Откако во понеделникот Ал Итихад загуби на гостувањето кај Ал Кува Ал Џавија (Ирак) во азиската фудбалска Лига на шампионите со 2:0, клубот од Саудиска Арабија реши да му врачи отказ на тренерот Нуно Еспирито Санто.

Португалецот забележа само две победи во последните седум натпревари, што не е доволно за клуб во кој настапуваат суперѕвезди како Карим Бензема, Н’Голо Канте и Фабињо.

Поранешниот менаџер на Тотенхем и Вулверхемптон го презеде клубот во јули 2022 година.

Како тренер го водеше тимот на 52 натпревари и забележа 36 победи, девет нерешени и седум порази.

Интересно е што имаше исто толку порази како тренер на Порто и Тотенхем (7).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот