Нуни Омот го напушти МЗТ Скопје

фото: drugaABA-liga

Кениецот Нуни Омот повеќе не член на МЗТ Скопје Аеродром, откако и двете страни се согласија да го раскинат договорот.

„Причината за предвременото заминување на Омот се семејните проблеми поради кои не можеше целосно да им се посвети на професионалните обврски, и да биде максимално сконцентриран на настапите за нашиот тим. Сериозноста на овие проблеми наложува тој да биде заедно со своето семејство во САД, па со оглед што не беше познато кога тие ќе се решат и кога тој би можел да се врати во Македонија, заеднички е заклучокот дека најдобро за двете страни е договорот да биде раскинат“, стои во соопштението на „металците“.

Нуни Омот во петте настапи во АБА2 лигата имаше просек од 14.2 поени и 3.8 скокови, додека во домашниот шампионат на двете средби кои ги одигра просечно реализираше 18,5 поени, 4,5 скока.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот