Нуланд: Бајден со Шолц ќе разговара за Северен тек 2 и за Украина

Викторија Нуланд
Викторија Нуланд / Фото: EPA/NAKE BATEV

Американскиот претседател Џо Бајден има намера да разговара за „Северен тек 2″ со германскиот канцелар Олаф Шолц во контекст на ситуацијата околу Украина. Ова го соопшти американската државна потсекретарка за политички прашања Викторија Нуланд во говорот пред Комитетот за надворешни односи на Сенатот за време на сослушувањето за односите Вашингтон-Москва.

Пратеникот ја праша Нуланд дали американските сојузници би можеле повеќе да ја прифатат позицијата на Вашингтон за гасоводот во светлината на наводите за можна конфронтација меѓу Русија и Украина. Како што одговори Нуланд, „претседателот денеска, можеби токму сега, ја има првата можност да разговара со Олаф Шолц … како канцелар”.

– Ќе добиеме повеќе информации за ова. Но, сакам да истакнам дека веќе разговаравме со него додека беше министер за финансии на Германија. Не се сомневам дека е свесен за сериозноста на ситуацијата со која се соочуваме, рече Нуланд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот