НУК со барање до Владата да бидат опфатени сите угостители со финансиската поддршка

Кафуле во Скопје / илустрација Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Независната угостителска комора утринава до Владата доставила барање за измена на јавниот повик за финансиска поддршка на угостителите со цел да бидат опфатени сите угостители на кои со владината одлука од 5 април им беше забрането да работат.

– На Владата сакаме да укажеме дека финансиска помош мора да има за сите угостители на кои им беше забрането да работат со одлуката на Влада од 5 април 2021 година, Владата не смее да дозволи поради техничка грешка, едни угостители да добијат финансиска поддршка други не, само затоа што немаат соодветна приоритетна шифра на дејност, се наведува во денешното соопштение од НУК.

Барањето, како што информираат, е доставено до претседателот на Владата, Генералниот секретаријат на Владата и до министерствата за економија и за финансии.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот