Нухиу: Имплементацијата на двојазичноста на униформите се спроведува во рамките на законските рокови

Заменик министерот за внатрешни работи Агим Нухиу денеска ги отфрли наводите дека не e заинтересиран за спроведување на двојазичноста на полициските униформи.

Тој посочи дека во МВР има над 12 илјади вработени и секој има индивидуален став, но треба да се земе предвид, како што рече, ставот на МВР како институција.

– Јас и мојот тим неколку пати сме имале контакти со работната група за униформите и за законските рокови. Сакам да кажам дека во рамки на законските рокови се спроведува имплементацијата на јазикот и на униформите, исто како што тоа го направивме на таблите, печатите, изјави Нухиу на прес-конференција во партиското седиште на ДУИ во Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот