Нухиу демантира дека косовскиот заменик-министер за правда ќе ги посети осудените за „Диво насеље“

Заменик-министерот за правда Агим Нухиу потврдува дека утре ќе има средба со неговиот косовски колега Блерим Салаху, но вели оти не е предвидена посета на Салаху на осудените косовски државјани во случајот „Диво Насеље“.

Во изјава за МИА, Нухиу вели дека ќе се сретне со Салаху и оти е предвидена средба со раководството на затворот „Идризово, но не и со затворените лица.

Во синоќешното интервју за косовската телевизија Т7, Салаху рече дека по воспоставената комуникација со Министерството за правда на Северна Македонија, добил дозвола за во четврток да ги посети затворениците осудени за споменатиот случај.

Во случајот „Диво Насеље“ обвинети се вкупно 33 лица кои добија казни во времетраење од 12 години до доживотен затвор, а четворица се ослободени од обвинението. Седуммина се осудени на доживотна затворска казна. Основниот кривичен суд Скопје на уште 13 обвинети им пресуди 40 години затвор, на шестмина по 20 години, на еден обвинет 18 години, на двајца обвинети по 14 години, на двајца по 13 години, и на по 12 години уште двајца од обвинетите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот