НОВО ОТКРИТИЕ: „Љубовниците од Модена“ не се тоа што сме мислеле досега

Профимедиа

Најпознатите посмртни останки, кои уште се нарекуваат и „Ромео и Јулија од Модена“ воопшто не се маж и жена.

Се работи всушност за тела на двајца мажи, а тоа е докажано со анализа на ДНК, која била и доста тешка, бидејќи скелетите биле во многу лоша состојба.

Првпат се откриени во 2009, а научниците и археолозите не можеле да утврдат дали се работи за брачен пар или нешто друго. Постојат многу теории, особено сега откако е утврдено дека всушност се работи за две машки тела.

Низ историјата постојат многу наводи дека на овој начин заеднички се погребувале роднини, браќа, татко и син, војници кои заедно загинале во борба и т.н.

Она што досега е познато е дека костурите датираат од периодот меѓу 4. и 6. век од новата ера. Се претпоставува и дека на локацијата каде се пронајдени постојат уште гробови и дека најверојатно се закопувани војници.

Универзитетот во Болоња смета дека овие сознанија ќе доведат до позначајни откритија за погребните церемонии од тој историски период.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот