Ново истражување: Војводата Влад Дракула плачел крвави солзи

Фото: Принтскрин/ Твитер

Хемиската анализа на писмата на легендарниот Влад Трети, познат како  Дракула, кој послужил како инспирација за најпознатиот вампир во книгите и филмовите, открила дека романскиот војвода можеби плачел крвави солзи, пишува „Саенс алерт“.

Во новата студија, тим од истражувачи откриле дека, трагите што ги оставил на хартијата од писмата укажуваат дека владетелот на Влашка, од 15 век боледувал од хемолакрија, ретка медицинска состојба која се манифестирала со присуство на крв во солзите.

„Според нашите сознанија, ова е првпат да се спроведе ваков вид на истражување и ни помогна да ја откриеме здравствената состојба на Влад Дракула“, рекла Марија Гаетана Џована Питала од Универзитетот во Катанија.

Национален херој во Влашка и Романија, Влад Цепеш е почитуван низ Европа како историска личност, пред се како заштитник на христијанството и еден од водачите на одбраната на Европа од посегнувањето на Отоманската империја.

Беше запаметен и по неговите сурови методи на владеење, односно справување, пред сè, со османлиските затвореници, кои, според сведоштвата, масовно ги набивал на колец.

Поради тоа го добил прекарот Цепеш, а за време на неговото владеење биле користени и други методи на мачење.

Фото: Принтскрин/ Твитер

Иако постојат бројни документи за неговиот живот, има многу детали кои сè уште не се познати. Хемичарката Питала и нејзините колеги веруваат дека можат многу да научат со проучување на предметите со кои тој имал директен контакт.

Писмата обично се исклучително важни за историчарите и истражувачите. Меѓутоа, овој пат не толку нивната текстуална содржина, туку какви тајни чува хартијата во вид на молекули и протеини пренесени со допир.

Со внимателна анализа на хартијата за пишување стара повеќе од половина милениум, тие се фокусираа на биолошките маркери. Двата протеини што ги откриле може да укажуваат на генетско респираторно нарушување, што резултира со хронични инфекции на белите дробови и синусите.

Откриле и пептиди кои припаѓаат на протеини поврзани со воспалителни процеси, па можно е да имал и кожна болест.

Тие исто така изолираа пептиди поврзани со протеините во мрежницата и солзите, како и протеините во крвта. Постојат историски извештаи дека Влад Дракула плачел солзи од крв, а со ова истражување, науката го поткрепува ова тврдење.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот