Ново име во Градски Парк: Работнички се засили со Питс

Најтрофејниот кошаркарски колектив во Македонија, Работнички денеска потпиша со Американецот Демиер Питс.

Соработката помеѓу Работнички и Питс ќе трае до завршување на сезоната.

Демиер Питс игра на бековската позиција, висок е 178 сантиметри и ќе претставува големо засилување за Работнички во финишот од сезоната кога ќе се одлучува за титулите.

Тој е второ зсилување за Работнички оваа година, претходно беше ангажиран кошаркарот на Куманово, Марјан Младеновиќ.

Прва европска дестинација на Питс беше Исланд и тимот на КФИ Исафјордур за кого постигнуваше по 33.5 поени по наптревар. Потоа играше и за Истанбул ДСИ, италијанскиот второлигаш Росето Шаркс, Вентспилс и Валмиера Ордо во Естонија, Катаја во Финска, Бенфика и унгарскиот Шопрон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот