Ново чудо- батерија за автомобил која се полни за 6 минути
На динамичниот автомобилски пазар се појави нова натриум-јонска батерија која може да се полни од 10 до 80 проценти за помалку од шест минути, што е екстремно брзо. Технологијата натриум-јонска долго време се смета за потенцијална алтернатива на денешните литиум-јонски батерии. Има значително повеќе натриум, а не бара ретки метали, што ја прави оваа технологија поевтина и поеколошка, пишува Ревијахак.
Препорачано
Веста за голем технолошки напредок доаѓа од Индија, од Центарот за напредни научни истражувања „Џавахарлал Неру“, каде што научниците користеле материјали како што се наночестички, слоеви од јаглеродни влакна и алуминиум во анодата на батеријата. Резултатот е батерија која комбинира брзо полнење, висока безбедност и издржливост. Батеријата наводно може да трае повеќе од 3.000 циклуси на полнење, што значи дека би можела да го надживее самиот автомобил. Засега, технологијата е најсоодветна за помали електрични автомобили и градско возење, каде што долгиот домет не е клучен. Сепак, батериите се уште потешки и зафаќаат повеќе простор од литиумските батерии, што е предизвик за поголемите возила.
И покрај ова, производителите на автомобили веќе покажуваат голем интерес, а во тек се планови за имплементација на оваа технологија во попристапни модели на автомобили.


