Зонско паркирање/ Фото: ПОЦ

Новитети во паркирањето во Центар – за секој стан едно бесплатно паркинг-место во неговата зона

Општина Центар и ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ воведуваат нов модел на организација и користење на јавните паркиралишта, насочен кон поголема достапност за жителите, поефикасно управување и унапредување на услугите.

Со измените во подзаконските акти, жителите на Општина Центар и понатаму ќе можат да користат паркинг-простор под повластени услови во зоната на своето живеење. Со новиот модел, секоја станбена единица добива бесплатно паркирање за едно возило во својата зона, со што се гарантира приоритет и поголема достапност за жителите. Дополнително, се овозможуваат и проширени опции за користење на услугите на претпријатието за корисниците кои имаат потреба од тоа.

Како што информираат од Општината, новите решенија овозможуваат појасна организација на паркинг-системот и подобра контрола и поефикасно користење на постојните капацитети, со што се создаваат услови за намалување на сообраќајниот притисок и поттикнување на поодржливи навики во движењето низ градот.

Остварените средства од наплата на услугите ќе бидат ставени во функција на амбициозен инвестициски циклус насочен кон модернизација на инфраструктурата, унапредување на техничките решенија, дигитализација и подобрување на услугите за граѓаните. Измените опфаќаат и усогласувања кај дел од услугите и надоместоците што се однесуваат на месечните паркинг-карти, комерцијалните услуги и услугите на пајак-службата, сè со цел одржување на квалитетот, ефикасноста и одржливоста на системот – велат од Општината.

Повеќе од 120 хаварисани возила отстранети во Центар, ПОЦ ја продолжува акцијата

Како дел од новините, се воведува и Зона Х – хуманитарни паркинг-места, јасно обележани и наменети за поддршка на ранливи категории граѓани. Средствата собрани од нивното користење ќе се донираат за хуманитарни цели, во соработка со Црвен крст.

Овие измени се во насока на појасно уредување на повластеното паркирање и поефикасно користење на јавниот паркинг-простор. Целта е жителите да имаат подобра достапност до паркинг во близина на своите домови, а системот да биде пофер, поодржлив и подготвен за понатамошни инвестиции и модернизација. ЈП Паркинзи покажува дека со добар пристап може да се воведе ред, поголема достапност и нова вредност во користењето на јавниот простор, вклучително и преку хуманитарните иницијативи,  рече градоначалникот Горан Герасимовски.

Според директорот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“, Душко Коцевски, со новиот систем се воспоставува пофер пристап кој им дава приоритет на жителите.

Воведуваме појасен и поправеден систем на користење на јавните паркиралишта, во кој жителите го задржуваат приоритетот во секторот на живеење. Создаваме основа за сериозен инвестициски циклус, модернизација на инфраструктурата и унапредување на услугите што секојдневно ги користат граѓаните. На овој начин поставуваме поодржлив модел што ќе овозможи подобро управување со паркинг-просторот и поквалитетна услуга на долг рок,  додаде Коцевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот