Новите учебници за Историја и општество – тема на македонско – бугарската комисија
Новите учебници за Историја и општество за V и VI одделение биле тема на заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања што се одржала вчера во Скопје.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
-За време на средбата од македонска страна беа доставени новите учебници за Историја и општество за V и VI одделение. Со оглед на новата реалност на средбата се разговараше околу идниот пристап и методологија во однос на дискусиите околу учебниците. Дискусијата по оваа тема ќе продолжи на следната средба – соопшти македонскиот тим во Комисијата.
Бугарските медиуми пак јавуваат дека немало напредок од средбата.
– И покрај декларативниот став на колегите од Република Северна Македонија за ефикасната работа на комисијата, беа потврдени разликите во разбирањето на нејзината природа – изјавил за БТА бугарскиот состав на комисијата.
На средбата бил потпишан записникот од 31. средба и продолжило усогласувањето по записникот од 32. средба.
-Нагласуваме, македонскиот тим низ својот проактивен пристап за градење на доверба, продолжува кон изнаоѓање на одржливи решенија, врз основа на взаемно почитување на сувереното право на другиот за различна перцепција кон минатото, се додава во соопштението.
Следната средба ќе се одржи во првата половина на декември во Софија.


