Фани Каранфилова Пановска / Фото: Канал 5 / скриншот

Новиот државен обвинител да постапи по сите индиции за криминал во власта, вели Каранфилова од СДСМ

Од новиот јавен обвинител Ненад Савески се очекува неселективна правда и постапување по сите случаи за криминал на власта, изјави заменик-претседателката на СДСМ, Фани Каранфилова Пановска, синоќа во емисијата „Само интервју”, на „Канал 5“. Таа потсети дека СДСМ веќе има презентирано „сериозни наоди и индиции за сомнителни тендери и поврзаност на фирми со власта“, кои мора да бидат истражени.

„Има сега нов јавен обвинител и ние очекуваме овие наши индиции за криминал, наоди за овие над стомилионски суми, се работи за стотици тендери во кои што се повторуваат фирмите и во локалните самоуправи и кај централната власт, да ги земе и да ги истражи. Затоа што, по допрен глас, обвинителството апсолутно може да делува. Од новиот јавен обвинител се очекува неселективна правда, се очекува да ги процесуира сите оние случаи за кои што има докази дека е сторен криминал”, рече Каранфилова Пановска.

Таа смета дека има „сериозни ризици од влијание на извршната власт врз Обвинителството“.

„Во овој јавнообвинителски систем, особено сега како се поставува со со измените на законот за Јавно обвинителство, во кој што јавниот обвинител станува директно зависен од извршната власт, ако сакате, преку една полуга односно преку буџетот во јавното обвинителство. Затоа што извршната власт е таа која што, односно министерката за финансии, на крајот ќе одлучи дали ќе ги зголеми или не трошоците. Се знае кој процент од буџетот треба да биде издвоен за јавното обвинителство. Се воспоставува еден систем во кој што извршната власт директно може да диригира како јавниот обвинител ќе работи”, рече Каранфилова Пановска.

Савески најави крај за „фиока-системот“: Сите предмети се важни, со нив се решаваат човечки судбини

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот