Новинарите влегоа во Охис: Винил хлоридот е најопасната материја во кругот на фабриката (ГАЛЕРИЈА)

Новинарски екипи, по денешниот брифинг кај министерот за животна средина Насер Нуредини, заедно со Државниот инспектор за животна средина Пејо Кировски, беа во дворот на фабриката Охис.

Владо Момировски, директорот на компанијата „Екоцентар 97“ информираше дека втората најопасна хемиска материја е винил хлорид која е складирана во голема цистерна и од неа има 14 тони. Оваа материја во Европа не се користи повеќе од 30 години, па поради тоа е тешко да се најде компанија која сега ќе се справи со оваа цистерна. Според информациите, само две печки на „Стариот континет“ имаат можност да ја согорат оваа материја. Винил хлоридот е високо експлозивна материја која може да предизвика штети во невидени размери.

фото: Слободен печат/Д. Митрески

– Проблемот е тоа што за винил хлоридот немаме решение. Оваа материја мора да се отстрани при ниски температури. Ниту еден од нашите партнери од Германија или од други земји не сакаше ниту да направи увид, а не преточување на оваа опасна хемикалија. Додека не се направи увид, не можеме ништо да направиме – рече Момировски.

Тој додаде дека цистерната е 24 часа чувана со обезбедување и секојдневно се лади. Момировски истакна дека доколку се случи хаварија со истата, тогаш може да биде има кобни последици.

фото: Слободен печат/Д. Митрески

Вработените од компанијата „Екоцентар 97“ ги извршуваа своите активности во врска со чистењето и складирањето на опасната материја метил акрилат мономер.

– Ние како приватна компанија го добивме тендерот за чистење на опасните хемикалии. Тука се сместени околу 65-70 тони метил акрилат мономер во буриња кои треба да заминат на уништување во Швајцарија. Доколку се бара одговорност од нашата компанија, ние сме подготвени без проблем да ја сносиме – рече Владо Момировски, сопственик на компанијата „Екоцентар 97“.

На новинарите им беа покажани местата каде што се оставени 11-те видови на опасни хемиски материи кои се распоредени на повеќе локации и една од друга се на повеќе од километар и пол. За нив се уште не се знае како ќе бидат дислоцирани од дворот на фабриката Охис, поради тоа што за се секоја од овие опасни материи треба да се најде компанија која ќе го изведе тоа.

фото: Слободен печат/Д. Митрески

Како што е веќе познато, најопасната хемиска материја е линданот, кој е сместен во „мала“ и „голема“ депонија . Според Министерството за животна средина, за чистење на „малата депонија“ ќе бидат потребни 6 милиони долари за тој да биде исчистен, додека проценката за големата е од 40 до 60 милиони долари.

[foogallery id=”122546″]

 

Во ОХИС има жива што може да ја умртви цела Европа!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот