Дрон-снимка од вечерашниот собир на плоштадот „Македонија“ во спомен на загинатите во пожарот во Кочани / фото: ТВ21

Новинарите и снимателите пуштени по три часа во полициска станица – дроновите им биле премногу тешки за летање без дозвола

Новинарите и медиумските работници кои вечерва беа повикани во полициска станица откако го снимале собирот на плоштадот „Македонија“ со дронови, се пуштени откако дале изјави. Тие биле забележани од полицајци кои го обезбедувале настанот и прво им било кажано да ги спуштат дроновите, а потоа биле повикани да одат во станицата, раскажаа новинарите на ТВ21.

По три часа во полициската станица Центар, им било кажано дека од скоро се променети правилата за максимална тежина на дрон што може да се управува без посебна дозвола, а нивните дронови ја надминувале тежината и затоа морале да ги пријават во Агенцијата за цивилно воздухопловство.

Во станицата „Беко“, покрај полициските, имало и инспектори на Агенцијата за национална безбедност (АНБ).

Досега, дроновите кои се со тежина до 249 грама можеа да се летаат без никаква регистрација, а новинарите и снимателите не биле запознаени со новите правила, според кои оваа тежина е намалена на најмногу 200 грама. Новите прописи, кои биле усвоени во јануари, предвидуваат и компликуван процес на регистрација на веб-страницата drone.gov.mk и задолжителна обука и сертификација на сите што сакаат да управуваат со дронови.

МВР попладнето соопшти дека е целосно забрането управувањето со дронови во областите на Кочани и Штип.

Забранети се дронови над Кочани и Штип, МВР апелира протестите да бидат мирни

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот