НОВИ ЖАРИШТА СО КОРОНА ВО ИТАЛИЈА: Повторно расте бројот на заболени, Ломбардија е најтешко погодена

Фото: EPA / Riccardo Antimiani

Во Италија повторно расте бројот на нови случаисо Ковид-19, па така според последните податоци, првпат по месец дена воземјата се идентификувани нови жаришта.

Според пишувањата на италијанските медиуми, откриен е кластер во регионот Молизе, каде се заразени седум лица со потекло од Венецуела.

До пред неколку недели половина од италијанските региони беа без нови случаи, додека вчера само во Долина Аосте не се регистрирани новоинфицирани.

Првпат од 8 јуни бројот на нови случаи на дневно ниво надмина 300 и изнесува 36 новозаболени, додека во претходните два дена бројката изнесуваше вкупно 129 нови случаи.

Помеѓу новите жаришта е Тренто каде се забележани десетици случаи, а вирусот е идентифкицан и во еден дом за стари лица во Болоња, каде има 15 позитивни случаи.

Полицијата во северниот регион на Италија проверува дали луѓето одржуваат дистанца
и носат маски / Ломбардија, Италија / Јули 2020 / Фото: EPA-EFE/FILIPPO VENEZIA

Ломбардија е и натаму најтешко погоден регион во Италија со 81 новозаболен пациент, што е за 30 лица повеќе отколку ден претходно, а во Лацио бројката на новозаразени на дневно ниво од 16 се искачи на 26 нови случаи.

Италијанската влада планира да ја продолжи вонредната состојба до 31 октомври,а регионалните претседатели разгледуваат нови мерки за спречување на ширење на вирусот, кој најпрво ќе се однесуваат на ноќните излегувања и групирањето на луѓето.

По неколкумесечна пауза поради коронакризата, Ломбардија ги отвори вратите за посетителите / Ломбардија, Италија / Јуни 2020 / Фото: EPA-EFE/ANDREA FASANI

Во Италија досега од Ковид-19 се заразија 245.338 луѓе, од кои 12.404 и натаму се активни случаи, а 35.092 починаа како последица на вирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот