Израелски војници загинати во јужен Либан - Извор Тајмс оф Израел

Нови загуби за Израел – четворица војници загинаа во борбите во Либан

Израелската армија соопшти дека четири израелски војници се убиени во борбите во Јужен Либан, според Тајмс оф Израел. Израелските одбранбени сили (ИДФ) информираа дека војниците биле убиени вчера, а уште двајца биле ранети во истата престрелка.

Според соопштението, загинатите се капетанот Ноам Мадмони (22), водникот Бен Коен (21) и водникот Максим Ентис (22), кои биле убиени за време на борбените операции во Јужен Либан. Израелската армија додаде дека и четвртиот војник е убиен во истиот инцидент, но неговото име не е објавено.

Паралелно на овие загуби ИДФ информираше дека дополнително во операцијата биле ранети уште две лица кои подоцна биле хоспитализирани.

Војната се шири од Иран во Либан

Во меѓувреме смртта на израелските војници доаѓа во време кога војната меѓу САД и Израел од една страна и Иран од друга страна се шири надвор од иранската територија. Конфликтот започна кон крајот на февруари кога американските и израелските сили започнаа напади врз ирански воени и нуклеарни цели.

Иран возврати со напади со ракетни и беспилотни летала врз американските бази и сојузници во регионот, а потоа судирите се префрлија во Либан, каде што дејствува Хезболах, сојузникот на Иран. Групата со денови разменува оган со израелските сили по должината на границата, дополнително проширувајќи го фронтот и зголемувајќи го ризикот од регионална војна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот