Нови три случаи на голема кашлица, утре ќе се одлучи дали ќе биде прогласена епидемија

Фото: - / PhotoAlto / Profimedia

Нови три случаи на голема кашлица се регистрирани во државата, со што бројката се зголеми на вкупно 15 од почетокот на годината.

Доктор Кристина Ставридис, епидемиолог од Институтот за јавно здравје, изјави дека преку системот за следење заразни болести, евидентирани се вкупно 15 случаи од почетокот на годината.

Министерот за здравство Фатмир Меџити, во одговор на новинарски прашања, претходно денеска кажа дека ќе остави на професионалците да одлучуваат какви мерки ќе се преземат понатаму во врска со големата кашлица

– Не сум тој кој бара, јас се советувам со сите. На седницата на Комисијата за заразни болести ќе се разгледа каква е состојбата. Таму има врвни професионалци, јас сум невролог. Ќе оставам на професионалците кои се во таа комисија, да се одлучува како понатаму. Но, тоа што ветувам и досега што тврдев, состојбата е под контрола и ние ги надгледуваме сите состојби во здравството, не само за заразни болести. Веќе е месец февруари, ќе им дојде крај и на овие вируси и други состојби што го влошуваат здравјето на пациентите, рече Меџити, прашан дали утре ќе побара од Комисијата за заразни болести да се прогласи епидемија во Скопје.

Претседателот на Комисијата за заразни болести, Александар Петличковски, минатиот месец рече дека при крајот на февруари се очекува пик на грипот и други слични вируси.

Голема кашлица – опасна и многу заразна болест

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот