Нови податоци: Првиот лек против ковид не е толку ефикасен како што се мислеше

Молнупиравир
Молнупиравир / Скриншот, Мерк

Лекот на компанијата „Мерк“ против ковид-19 не е толку ефикасен како што се мислеше, објави денеска фармацевтската група, откако целосната анализа на резултатите од тестот обезбеди нови податоци за неговата ефикасност при намалени хоспитализации и смртни случаи, пренесува Ројтерс.

Компанијата соопшти дека нејзиниот орален лек, молнупиравир, покажал релативно намалување на ризикот од 30 отсто во споредба со првичното тестирање кај сите 1.400 пациенти вклучени во студијата.

Минатиот месец Мерк соопшти дека намалувањето на ризикот од хоспитализација и смрт е „приближно“ 50 проценти. Во целосната анализа, беше пријавен еден смртен случај во групата која примиле молнупиравир.

Мерк вели дека е успешен во лекувањето на благ степен на инфекција

Компанијата соопшти дека новите податоци продолжуваат да поддржуваат дека лекот е „ефикасен за лекување на благ до умерен ковид-19 кај возрасни со висок ризик за прогресија на болеста“.

Молнупиравир, кој беше заеднички развиен со „Ridgeback Biotherapeutics“ и познат и како „lagevrio“, е одобрен за употреба во Велика Британија. Тоа го разгледуваат и европските регулатори. Мерк потпиша договор со Фондот за лекови за да го направи лекот достапен за посиромашните земји.

„Фајзер“: Нашиот лек е 89 проценти ефикасен

Податоците за лекот на „Фајзер“, врз основа на 1.200 испитаници, покажале дека ризикот од хоспитализација и смрт е намален за 89 отсто.

На 11 октомври, Мерк поднесе барање за одобрение за молнупиравир во Соединетите Држави врз основа на привремени податоци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот