Нови детали за рускиот напад врз Лавов

Напад над Лавов / Фото / AFP / Profimedia

Руски беспилотни летала рано утринава погодија три индустриски магацини во западниот украински град Лавов, предизвикувајќи голем пожар и убивајќи најмалку едно лице, соопштија локалните власти.

Гувернерот на Лавовската област Максим Козицки изјави дека пожарникарите го гаснат пожарот. Службите за итни случаи соопштија дека пожарот се проширил на површина од 9.450 метри квадратни по нападот околу 5 часот наутро.

„Сакам да нагласам дека тоа се обични индустриски магацини. Таму не се складирало ништо воено“, рече Козицки на комуникациската платформа „Телеграм“. Тој додаде дека руските сили користеле 18 беспилотни летала во нападот, од кои 15 биле соборени, вклучително и седум директно над регионот Лавов.

Украинските воздухопловни сили соопштија дека Русија лансирала вкупно 30 дронови и една балистичка ракета Искандер во текот на ноќта и дека биле соборени 27 беспилотни летала. Русија постојано ја напаѓаше инфраструктурата клучна за одбрана на Украина, енергетскиот систем и земјоделството, но загинаа и многу цивили.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот