Нови детали од злосторството во Србија: Приведен е и дедото на тинејџерот убиец
Истрагата за денешното убиствотна Мирела М. (51) во центарот на Обреновац, Србија, ја откри застрашувачката упорност на шеснаесетгодишниот напаѓач, објави Телеграф.рс.
Препорачано
Медиумот објавува дека вечерва е приведен и невенчаниот сопруг на убиената жена, 77-годишниот Милан П., кој е и дедо на напаѓачот, затоа што од телефонот на покојната Мирела упатил закани до нејзината пријателка, позната адвокатка.
Новите детали укажуваат дека тинејџерот ја прободел жената во грб. Нејзиниот невенчан сопруг и дедо на напаѓачот, 77-годишниот М. П. (77), наводно очајно се обидувал да ја одбрани и му рекол на внукот дека дошла полиција.
Исплашен, малолетникот се качил на скутер и почнал да бега. Меѓутоа, кога сфатил дека неговиот дедо го лаже и дека полицијата не е таму, покажал невидена свирепост. Го запалил моторот, се вратил пред барот и ја избол жената, која веќе лежела ранета.
Иако се обидел да избега, припадниците на ПС Обреновац го лоцирале и го совладале во рекордно време.
Инаку, само неколку часа откако починала Мирела, Милан П. ѝ се јавил на нејзината блиска пријателка. Разговорот бил повеќе од монструозен:
„Ќе те убијам и ќе те закопам!“, врескал тој во телефонот, а според неофицијални информации, дури се заканил дека ќе ја силува ќерката на адвокатката.
Тинејџер од Србија убил жена, по апсењето поставил морничаво прашање


