Фото: Screenshot

Нови детали од трагедијата со навивачите на ПАОК: Две лица во последен момент го откажале патувањето

Тешката сообраќајна несреќа во која животот го загубија седум навивачи на ПАОК и понатаму е тема јавноста во регионот, а сега беа објавени и нови детали за тоа што се случувало пред тргнувањето на комбето.

Според пишувањата на албанските медиуми, во комбето што се судрило со камион патувале и двајца државјани на Албанија, но засега нема официјална потврда дали тие се меѓу загинатите или повредените. Дополнително, објавено е дека две лица во последен момент го откажале патувањето воради работа.

Како што наведуваат грчките медиуми, навивачите тргнале рано наутро и ја избрале рутата преку Промахон со цел побрзо да стигнат до дестинацијата и да ја избегнат гужвата на граница. Двајца од патниците, иако имале резервирани места, биле принудени да се откажат, а нивните места биле пополнети од навивачи од Солун, кои за жал ги загубиле животите во несреќата.

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Комбе се распарчи во страшен судир со камион, загинаа седум навивачи на ПАОК

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот