Новата верзија на ChatGPT ќе чини 20 долари месечно

Чат гпт/Фото: Jakub Porzycki/NurPhoto / Shutterstock Editorial / Profimedia

Новиот виртуелен соговорник, ChatGPT,со вештачка интелигенција што има одговор на секое прашање и го наоѓа решението за секој проблем, бележи сѐ поголем подем во бројот на корисници. Стартапот оваа недела најави дека новата комерцијална верзија ќе биде достапна во следните неколку недели и ќе чини 20 долари месечно, пишува „Њујорк Тајмс“.

Оние што ќе се претплатат ќе имаат пристап до оваа алатка дури и кога оптоварувањето е преголемо (што често е случај имајќи предвид на големиот број на корисници), ќе ги добиваат одговорите побрзо, а ќе имаат и приоритет до новите функционалности и надградби.

Претплатата на ChatGPT ќе биде достапна единствено за американските корисници.

Бесплатната верзија на вештачката интелигенција ќе остане достапна за сите корисници. Од ОпенАИ се надеваат дека претплатите ќе бидат доволни за да може да се одржи бесплатниот модел.

Креаторите на вештачката интелигенција велат дека во иднина претплатата ќе биде достапна и во другите региони.

„Гугл“ има подобри „џебни сезнајковци“, но нема есап да ги сподели

ВИДЕО | Бојчев: Вештачката интелигенција зема сѐ поголем замав

Маршира новата генерација виртуелни сезнајковци

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот