ВИДЕО | Бојчев: Вештачката интелигенција зема сѐ поголем замав

Вештачка интелигенција/ Фото: GORODENKOFF PRODUCTIONS / Sciencephoto / Profimedia

Една од најактуелните феномени во светот на технологијата е токму вештачката интелигенција и нејзиното постојано усовршување. Кога говориме за овој феномен мора да се спомене и новата платформа Чат-ГПТ.

Ова е новиот виртуелен соговорник со вештачка интелигенција што има одговор на секое прашање и го наоѓа решението за секој проблем.

Бројот на корисници на Чат-ГПТ рапидно се зголемува. Уште во првите денови од неговото креирање, милиони корисници решија да го тестираат новиот софтвер. За работите да бидат појасни, Чат-ГПТ е сосема различен од Гугл, пребарувачот кој го користи речиси целиот свет.

Гугл ќе ви најде статии, фотографии или снимки што го содржат поимот што сте го внесле. Чат-ГПТ не ви прикажува список, туку ви дава одговори во стокмени реченици, со објаснувања на содржина и на концепти на разбирлив начин за луѓето. Наместо да ви сервира факти за да изберете, ви ги „преџвакува“ за полесно да ги сварите.

Иднината на вештачката интелигенција е навистина тешка за предвидување. Овој феномен колку што е возбудлив за следење, толку е и загрижувачки. Доколку ваквите софтвери се злоупотребат, може да настанат сериозни проблеми, од различни хакерски напади до ширење дезинформации.

Но, научниците продолжуваат да стремат кон формирање на еден легитимен систем на „Еј-ај“ кој ќе на крајот ќе ја замени човековата работа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот