Новата серија „The Queen’s Gambit“: Мистична и сексапилна шаховска игра

instagram

Серијата „The Queen’s Gambit“ е нешто сосема поразлично од она што го имате гледано во продукција на „Netflix“. Станува збор за лимитирана серија со само седум епизоди во која главната улога ја толкува Ања Тејлор-Џој. Актерката веќе стана омилена во светот на филмската критика и кај младите.

Нејзините раскошни очи, кои го зафаќаат најголемиот дел од нејзиното лице со кое може да изрази огромен број емоции – страв, бес и заведување во целост го отелотворуваат нејзиниот лик.

Instagram

Серијата е адаптација на истоимениот роман на Валтер Тевис од 1983 година чија тема е прикажана како метафора за шахот кој ретко се карактеризира како интелектуелна игра за млади девојки. Режисер на ова дело е Скот Френк.

Instagram

Малите дрвени фигури кои полека се лизгаат на шаховската табла можеби не звучи воопшто привлечно за гледање, но имајќи ја предвид предизвикувачката природа на самата игра и речиси еротското милување на шаховските фигури пред да бидат преместени, интензитетот во начинот на кој се проучува спротивникот ја прави оваа серија „must watch“.

Оваа преработка на „вон“ модерен жанр во серија со културно влијание и деликатна психологија на ликовите поткрепена со добро избрана екипа, прави оваа серија да раскаже една сосема друга страна на играта.

Instagram

Приказната започнува во 1967 година, кога една млада жена се буди и излегува од када од хотелска соба која итајќи стигнува на нејзиниот шаховски натпревар. Кога ќе седне наспроти нејзиниот противник, всушност започнува самата приказна која се враќа десет години назад, каде ликот Бет Хармон останува сираче.

Instagram

Серијата постојано градира, ви дава до знаење дека Бет ќе стане ѕвезда во светот на шахот, борејќи се со зависноста од „витамини“ – апчиња за смирување.

„The Queen’s Gambit“ не е мистерија, ниту е врамена како традиционално спортска приказна, туку е приказ на неизвесност и висока психологија. Иако не станува збор за вистинска приказна, интимниот портрет на карактерот се прифаќа толку срдечно, што се чини дека оваа личност постоела во минатото. Серијата воедно е и приказ на жените во 50-тите години, стереопите, страдањата и нивната индивидуалност.

Instagram

Актерката Тејлор-Џој како главен лик ја развива приказната на Бет низ толку привлечни сцени кои го тераат гледачот да му верува на ликот и на самиот контекст. Да се биде фокусиран на „тука и сега“ помага да се задржи вниманието на гледачот „таму со неа“, бидејќи многуте неискажани моменти, особено за време на шаховските натпревари се објаснуваат само од нејзината фасцинантна глума.

Instagram

Иако не е сосема ново да гледаме жена како централен лик во серија, филм или книга, сепак „The Queen’s Gambit“ е нешто сосема поинакво. Исклучителен приказ на генијален ум.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот