Гордана Димитриеска-Кочоска Фото: Принтскрин

Новата фискална стратегија ќе го намали дефицитот и ќе помогне во развојот на стопанството, уверува Димитриеска Кочоска

Фискалната стратегија за периодот 2026-2030 година, подготвена од Министерството за финансии, денеска беше усвоена во Собранието. Таа, според властите, ги дава среднорочните насоки и цели на фискалната политика, основните макроекономски проекции, износите за главните категории проценети приходи и расходи, како и проекциите за буџетскиот дефицит и долгот. Односно, претставува сет од насоки за фискалната политика на среден рок.

„Фискалната консолидација останува приоритет на Министерството за финансии со цел понатамошна макроекономска стабилност и поддршка на економијата за остварување повисоки стапки на економски раст. Остануваме посветени на дисциплинирана фискална политика и управување со јавните средства, ефикасна наплата на приходите, намалување на сивата економиија, одржување високо ниво на капитални расходи и континуирана поддршка на економијата преку капитални инвестиции“, соопштија од Министерството.

Фискалната стратегија води кон намалување на буџетскиот дефицит и економски развој, односно очекуваме постепени и во континуитет буџетскиот дефицит да се намалува и да достигне ниво под 3% согласно фискалните правила“, вели министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот